Продолжува кампањата за локалните избори, уште пет дена до изборниот молк
Караванот на СДСМ „Најдоброто за мојата општина“ денеска ќе ги посетат жителите на Могила, Прилеп, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, а „Создади нова иднина!“ на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Долнени, Кривогаштани, Крушево и во Прилеп.

Во последната седмица пред изборите и помалку од пет дена до изборниот молк, лидерите на партиите и кандидатите за градоначалниците продолжуваат со предизборната кампања.
Караванот на СДСМ „Најдоброто за мојата општина“ денеска ќе ги посетат жителите на Могила, Прилеп, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, а „Создади нова иднина!“ на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Долнени, Кривогаштани, Крушево и во Прилеп.
Зелената агенда на ДУИ ќе ја бара поддршката од чаирчани, Беса ќе има предизворни активности во Теарце. И независните кандидати за градоначалници продолжуваат со својата предизборна кампања.
На полноќ заврши рокот за пријавување за гласање на лицата со Ковид -19 или во самоизолација, откако тој рок ден претходно заврши за болните и немоќните. Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица ќе гласаат ден пред изборите односно во сабота на 16 октомври. За утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале, за нив нема да се користат уредите за биометриска идентификација, туку спреј и УВ ламба.
Локалните избори на 17-ти октомври ќе бидат седми од независноста досега, но трети на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
Официјално кампањата за првиот круг од локалните избори почна на 27-ми септември, а завршува на 15-ти октомври на полноќ.
