Ковид-19

Најмногу активни ковид- случаи во Скопје

11.10.2021 09:27

Во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3.495, Куманово е на второ место со 636, во Велес има 297, во Охрид 233, во Штип 232.

Во текот на вчерашниот ден направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се десет починати лица, сите во болнички услови. Оздравеле 240 пациенти.

Во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3.495, Куманово е на второ место со 636, во Велес има 297, во Охрид 233, во Штип 232.

Во земјата, заклучно со вчерашните податоци направени се вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 194.891, бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.

Заклучно со 9-ти октомври, вакцинирани се 795.186 граѓани, а ревакцинирани се 748.563. Во текот на викендот аплицирани се вкупно 4.418 вакцини, од кои како прва доза се аплицирани 1.132, а ревакцинирани се 3.129.

Согласно податоците од Министерството, 53 проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Податоците од Министерството покажуваат дека до 9-ти октомври трета доза „Фајзер“ примиле 782 граѓани.