Ковид-19

Oваа недела се очекува да започне тестирањето на 8.200 ученици од основни и средните училишта

11.10.2021 09:30

Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните, е со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Од оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8.200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност со родителите на учениците.

Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1.600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните, е со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Досега во училиштата се вакцинирани околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците.