Димитров: Со оспорувањето на јазикот и европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател

11.10.2021 09:35

За прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди посветеноста кон проширувањето и сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција, вели Димитров.

Со оспорувањето на јазикот и на европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател, изјави во интервју за БИ БИ СИ Радио, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

За прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди посветеноста кон проширувањето и сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција, вели Димитров.

Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик - за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик, е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација, порача Димитров во интервју за БИ БИ СИ, говорејќи за бугарската блокада и проблемите околу јазикот.