Европа

Протести во Полска за поддршка на членството во ЕУ

11.10.2021 09:38

Собири беа организирани во повеќе од 100 градови, а во протестот во главниот град учествуваше и поранепниот претседател на Европскиот совет, сегашен лидер на опозициската партија „Граѓанска платформа“, Доналд Туск.

Протести во Полска за поддршка на членството во Европската унија откако се зголемија тензиите меѓу Брисел и Варшава по пресудата на полскиот Уставен суд за поништување на првенството на европското право во однос на националното законодавство.

Собири беа организирани во повеќе од 100 градови, а во протестот во главниот град учествуваше и поранепниот претседател на Европскиот совет, сегашен лидер на опозициската партија „Граѓанска платформа“, Доналд Туск.

Премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека Полска и натаму ќе биде дел од европското семејство на нации, нагласувајќи дека не постојат планови за таканаречениот „Полегзит“.