ЕВРОПА

Рекорден број мигранти на границата меѓу Полска и Белорусија

11.10.2021 12:10

Во саботата биле регистрани 739 луѓе, што се смета за најголем број во едно деноноќие. Повеќето се од Авганистан и Ирак.

Рекорден број мигранти на границата меѓу Полска и Белорусија. Во саботата биле регистрани 739 луѓе, што се смета за најголем број во едно деноноќие. Повеќето се од Авганистан и Ирак.

За бегалскиот бран, Полска и ЕУ ја обвинуваат Белорусија која, според нив, се обидувала да изврши притисок врз Брисел да ги укине санкциите за Минск воведени поради непочитување на човековите права.