Пендаровски: Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава
„Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја, сопствена држава“, порача претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 11 Октомври- Денот на народното востание и раѓањето на македонската држава.

Осумдесет години од почетокот на Народното востание и Народноослободителната војна, со што се заокружи раѓањето на македонската држава. Централната свеченост се одржа во Прилеп кај Могилата на непобедените.
„Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја, сопствена држава“, порача претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 11 Октомври- Денот на народното востание и раѓањето на македонската држава.
„Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба, недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава. Токму тоа го постигнавме на 2 август 1944-та на првото заседание на АСНОМ каде беше удрен темелот на слободната и суверена република која по своја волја се вклучи во новата југословенска федерација“, рече претседателот Пендаровски.
Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и оној момент кога тоа би го заборавиле, тогаш самите би работеле на уривање на единственото место на светот кое можеме да го наречеме свој дом, нагласи Пендаровски во својот говор.
