Локални избори

Продолжуваат предизборните активности, кандидатите во трка да ги освојат гласовите на граѓаните

12.10.2021 09:17

Коалицијата предводена од СДСМ ќе има средби со граѓаните на Кратово, Ранковце и Крива Паланка, додека коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Скопје. Во Скопје митинг ќе одржи и „Левица“, а коалицијата ДОМ и ЛДП ќе се претстави во Ѓорче Петров. Предизборната програма во Желино ќе ја претстави „Беса“.

Партиите и кандидатите за градоначалници ги продолжуваат предизборните активности во обид да ги освојат гласовите на граѓаните.

Коалицијата предводена од СДСМ ќе има средби со граѓаните на Кратово, Ранковце и Крива Паланка, додека коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Скопје. Во Скопје митинг ќе одржи и „Левица“, а коалицијата ДОМ и ЛДП ќе се претстави во Ѓорче Петров. Предизборната програма во Желино ќе ја претстави „Беса“.

Во предизборните ветувања се бесплатен јавен превоз, асфалтирање на улици, реконструкции и изградба на градинки, училишта и спортски сали, а се најавува и развој на етно и селскиот туризам, дигитализација на услугите што ги нудат општините и целосна отвореност кон граѓаните.

Кампањата за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомви, завршува на 15-ти октомври на полноќ.