Здравство

35 проценти од населението е целосно вакцинирано против Ковид-19

12.10.2021 09:22

Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица.

Триесет и пет проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека 38 отсто е вакцинирана барем со една доза, покажуваат последните податоци од Министерството за здравство.

Комитетот за имунизација препорача трета доза „Фајзер“ не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од Ковид-19, поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.  Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека до 9 октомври трета доза примиле 782 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица.

Најмногу активни ковид случаи има во Скопје, 3.550, Куманово е на второ место со 612 активни случаи и на трето место е Тетово со 187.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројот на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а на активни случаи изнесува 6.957.