СЕВЕРНА КОРЕЈА

Ким Јонг Ун: Ќе создадеме непобедлива војска

12.10.2021 09:36

Во говорот на изложбата за новото вооружување на земјата, тој ги обвини САД за предизвикување тензии и нестабилност на Корејскиот Полуостров.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун вети дека ќе создаде непобедлива војска. Во говорот на изложбата за новото вооружување на земјата, тој ги обвини САД за предизвикување тензии и нестабилност на Корејскиот Полуостров.

Владата во Сеул ја нарече лицемерна бидејќи го критикувала развојот на својот северен сосед, а истовремено вложувала пари за зголемување на сопствените воени капацитети, вклучувајќи купување на современи американски ловци.

Минатиот месец, Пјонгјанг го изведе првиот ракетен тест во последните шест месеци со дострел до Јужна Кореја и Јапонија. Во меѓувреме, ја обнови комуникацијата со Сеул и изрази подготвеност за разговори доколку бидат создадени услови за тоа.