Заврши пријавувањето за гласање на заболените од Ковид-19 и оние во самоизолација
Предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање. Инспекторатот е должен да ги достави податоците во рок од 24 часа од добиеното барање.

Заврши пријавувањето до Oпштинските изборни комисии за гласање на заболените од Ковид-19 и за оние во самоизолација, а претходно и на болните и немоќните.
Предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање. Инспекторатот е должен да ги достави податоците во рок од 24 часа од добиеното барање.
Гласањето го спроведува посебен избирачки одбор составен од здравствени работници.
Гласачите кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор ќе можат да го извршат своето граѓанско право преку овластен полномошник откако ќе ја известат Општинската изборна комисија, најдоцна три дена пред денот определен за гласање.
Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 17-ти октомври. Први своето право на глас ќе го искористат болните и немоќните, заболените од Ковид-19 или во самоизолација, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно-раселените лица, кои ќе гласаат еден ден претходно.
