Македонски наставници најдобри на натпреварот на Мајкрософт во Барселона
28.03.2014 15:20
Двајца македонски наставници го освоија првото место на глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт во Барселона.
Во конкуренција од над 1100 учесници од 97 земји на натпреварот што се одржа од 11 до 14 март годинава македонските наставници Дарко Талески и Софија Грабулоска беа прогласени за победници.
Тие ги споделиле своите иновативни идеи за тоа како технологијата да помогне во образовниот процес и биле прогласени за најуспешни во категоријата „Collaboration“.

Двајца македонски наставници го освоија првото место на глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт во Барселона.
Во конкуренција од над 1100 учесници од 97 земји на натпреварот што се одржа од 11 до 14 март годинава македонските наставници Дарко Талески и Софија Грабулоска беа прогласени за победници.
Тие ги споделиле своите иновативни идеи за тоа како технологијата да помогне во образовниот процес и биле прогласени за најуспешни во категоријата „Collaboration“.
Покрај нив на овогодиншниот 9-ти Глобален едукативен натпревар во организација на Мајкрософт, учество зема и Весела Богдановиќ- овогодишен победник на македонскиот државен натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert.
Генералниот директор на Мајкрософт во Македонија Стефан Плавјански потенцираше дека креативноста и упорноста на наставниците ги охрабрува и понатаму да ги поддржуваат сите идеи со помош на кои технологијата ќе го помогне и подобри процесот на едукација.
-Победата која ја постигнавме на глобалниот форум, кој на едно место ги собра глобалните лидери во оваа област, ја покажа агилноста и посветеноста на нашите наставници кои направија многу во процестот на внесување иновации во предавањата, како и ефективна примена на технологијата во проецесот на учењето. Нашите најдобри наставни техники и практики на глобално ниво, истакна Влора Адеми, менаџер на академските програми на Мајкрософт во Македонија.
Таа посочи дека сега е од исклучителна важност ова знаење и искуство да го примениме на национално ниво, да го подигнеме нивото на работа на наставниците и целата образовна заедница и со помош на владините институции да ја започнеме оваа промена со која ќе бидеме препознаени како земја лидер во пошироки рамки.
Дарко Талевски еден од македонските наставници кој се здоби со оваа престижна награда е наставник во училишта во две села во прилепско.
Тој заедно со своите ученици работеле на 3 теми: проблеми со предвремено стапување во брак, стоп на насилствата во училиштата и културното наследсвто.
Тие со технологијата што ја поседувале изработиле картки филмови и постери на трите теми при што децата на возраст од 13 до 14 години го изнеле својот став во врска со овие проблеми и нивни идеи за решавање на истите.
-Овој светски натстан беше исклучителна можност за споделување на мноштво иновации и знаења од областа на образованието, а беа презентирани 260 проекти од 90 земји ширум светот. Проектот со кој што ние ја претставивме нашата земја носи наслов „ Ова е мојот глас“ и беше причина името на нашата држава да биде испишано на гала вечерта на доделувањето на престижните награди, во конкуренција на на најголем број проекти досега презентирни на овој форум, истакна Дарко Талески еден од двајцата наградени наставници.
Долготрајната работа, љубовта и посветеноста кон професијата, слободата и мотивираноста, додаде тој, за сопствено креативно изразувањена нашите ученици беа главниот носител на оваа заедничка победа за сите нас.
