Завршна вечер на фестивалот „Џифони“

12.10.2021 09:52

Во Кинотеката вечер ќе се одржи завршната вечер на филмскиот фестивал за млади „Џифони“, каде ќе биде прикажано сработеното, а ќе бидат прогласени и најдобрите филмови во сите натпреварувачки категории...

Во Кинотеката вечер ќе се одржи завршната вечер на филмскиот фестивал за млади „Џифони“, каде ќе биде прикажано сработеното, а ќе бидат прогласени и најдобрите филмови во сите натпреварувачки категории.

Завршната вечер ќе биде пренесувана и на фејсбук-страницата на фестивалот. Според Режисерката Марија Џиџева, која водеше работилница, филмските работилници секогаш се голем предизвик да се успее во неколку дена да се раскаже филмска приказна, преку разговор и дружење да се научат најосновните елементи на филмскиот јазик, да се направат кратки вежби за опсервација, лична и на околината и да се насочат младите филмаџии како да размислуваат и да ги визуелизираат своите идеи.

Младите снимија интересни приказни кои се надевам дека ќе нè натераат да размислиме, и секако, да дејствуваме, да го чуеме нивниот глас како да го направиме овој свет подобар, додаде Џиџева.