КИНА
15 загинати, тројца исчезнати во поплавите во Шанси
12.10.2021 10:22
Над 120 илјади се евакуирани откако се урнаа илјадници домови. Уништени се и над 190 илјади хектари обработливо земјиште.

Владата во провинцијата Шанси, северна Кина потврди 15 загинати и тројца исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови. Над 120 илјади се евакуирани откако се урнаа илјадници домови. Уништени се и над 190 илјади хектари обработливо земјиште.
Економска загуба е проценета на 770 милиони долари. Поради поплавите беа запрени и операциите во рудниците за јаглен во период кога земјата се соочува со недостиг од гориво.
