Германците пресилни за македонските фудбалери
Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Каи Хаверц го отвори резултатот, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша Тимо Вернер, за конечниот резултат да го постави Џамал Мусијала.

Прв пораз за македонската фудбалска репрезентација на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2022. Вечерa во Скопје „црвено-жолтите“ беа целосно надиграни од фаворитот Германија која славеше победа со 4:0.
Гостите од самиот почеток покажаа дека на „Тодор Проески“ се дојдени со цел да се реваншираат за поразот во Дуисбург во март со 1:2. Сепак, по првото полувреме и покрај доминацијата на „панцирите“ резултатот остана оној почетниот, 0:0.
Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Каи Хаверц го отвори резултатот, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша Тимо Вернер, за конечниот резултат да го постави Џамал Мусијала.
Со овој триумф, Германија (21 бод) го обезбеди првото место во Ј-групата и пласманот на Мундијалот во Катар. Македонскиот национален тим падна на 3. место со 12 бода, но се уште е со шанса за второто место кое води во баражот.
