Косово

Османи: Неврзаните да не потпаѓаат под српската пропаганда

12.10.2021 10:53

Нагласи дека Србија го злоупотребува статусот на земја-набљудувач за, како што вели, да ја искриви вистината за Косово.

Косовската претседателка Вјоса Османи со реакција за Самитот на неврзаните во Белград. Нагласи дека Србија го злоупотребува статусот на земја-набљудувач за, како што вели, да ја искриви вистината за Косово.

„Меѓународниот суд на правдата во 2010-та година потврди дека прогласувањето независност на Косово не го крши меѓународното право. Затоа ги повикувам сите држави од Движењето на неврзаните кои не го признаваат Косово да се водат од ова толкување на Меѓународниот суд на правдата, а не од пропагандата на Србија, која не се ослободи од менталитетот на Милошевиќ“, порача Османи.