„Музика за 18 музичари“ во премиерна изведба на Македонска Филхармонија
Ова дело е создадено во седумдесеттите години на минатиот век и до ден денес е најизведуваното дело на Стив Рајх. Делото, всушност, е циклус од единаесет различни акорди, кои функционално не се поврзани и не се среќаваат во ниту еден традиционален тонален систем.

Четврток, на 14 октомври Македонската филхармонија ќе го изведе антологиското дело на американскиот композитор Стив Рајх „Музика за 18 музичари“. Диригент е Паскал Галоа од Франција и ова ќе биде прва изведба на оваа композиција во Македонија.
Ова дело е создадено во седумдесеттите години на минатиот век и до ден денес е најизведуваното дело на Стив Рајх. Делото, всушност, е циклус од единаесет различни акорди, кои функционално не се поврзани и не се среќаваат во ниту еден традиционален тонален систем.
Илјадници познати музичари, композитори и продуценти го вбројуваат Рајх со неговите дела, на чело со „Музика за 18 музичари“, како една од највлијателните личности во нивната кариера.
Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа е солист, оркестарски музичар и професор кој остава печат и со својата работа како диригент.
Диригирањето во моментов е негова централна определба преку која ја искажува својата пасија кон музиката и неговата оригинална перспектива и гледање на современиот и на класичниот репертоар.
