Акција „Милка“: Спречен шверц на добиток од Македонија во Албанија

28.03.2014 15:28

Разбиена е 13 члена група која со препродажба на добиток од Македонија во Албанија заработила над 300 илјади евра...

МВР ја продолжи полициската акција „Милка“. Овој пат разбиена е 13 члена група која со препродажба на добиток од Македонија во Албанија заработила над 300 илјади евра. Меѓу приведените има и полициски службеници.
 
„Албанските државјани кои ги сомничиме дека се организатори на криминалната група, практично правеле избор за тоа кои грла на добиток да бидат купени од сточните пазари, а организаторите од Македонија биле задолжени заедно со странските државјани да го купат токму тој производ и да го организираат транспортот од сточните пазари до шталите во Битола и до прифатниот центар во Стење, а за ова биле ангажирани останатите членови од групата кои давале логистика и поддршка“, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. 
 
Криминалната група дејствијата ги вршела во периодот од 2012 до 2014 година. Групата прокриумчарила околу 300 грла жив добиток со просечна тежина од околу 300 килограми. Акцијата вчера ја спровел Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР.