Не се знае кога ќе почне скринингот во училиштата
Иако најавен за неделава, процесот на скрининг во училиштата не почна. Според најавите на Министерството за здравство, требаше да бидат тестирани 8.200 ученици по случаен избор, со претходна дозвола на родител. Министерката Царовска вели дека се координираат со надлежните институции. По однос на недостигот од дигитални учебници и користењето печатени материјали, таа одговори дека министерството располага со уште 6.000 таблети, а дигиталните учебници се достапни за симнување...

Сѐ уште не се знае кога ќе почне скринингот во училиштата. Иако најавен за неделава, засега нема најава кога ќе тргне. Тестирани за Ковид-19 треба да бидат 8.200 ученици, одбрани по случаен избор од електронскиот дневник, со претходна дозвола од родител, а целиот процес се очекува да заврши за десетина дена. Министерката Царовска вели, надлежните сѐ уште се координираат.
Прашана, дали има сознанија за фотографии објавени на социјални мрежи дека се фрлаат учебници и наставни материјали, Царовска вели дека министерството во тој дел нема надлежност. Тврди дека досега никој не пријавил дека се расходуваат поголема количества на учебници и книги.
За проблемот со дигиталните учебници, уверува дека најголемиот дел од училиштата во земјата се снабдени со таблети и дека Министерството располага со уште 6.000 кои се наменети за ученици од социјално загрозени семејства, а материјалите се достапни за симнување.
Таа не одговори, дали ќе има казни за училиштата кои даваат печатени книги на четвртоодделенците.
Викторија Милевска
