Македонија

Oризопроизводителите повторно на протест, не отстапуваат од барањата

12.10.2021 14:45

Оризопроизводителите денес го блокираа регионалниот пат Штип – Кочани. Бараат средба со премиерот и итно решавање на проблемот со откуп на оризовата арпа по цена не пониска од 25 денари. Велат дека со актуелните цени и со жетвата која е доведена во прашање заради обилните врнежи, неизвесно е дали оризот како култура ќе го има на кочанските полиња идната година…

Откуп на минатогодишниот род на оризот нема, жетвените активности се доведени во прашање. Првиот човек на Синдикатот на земјоделците, од протестот на оризопроизводителите со апел до владата за итна исплата на субвенциите и утврдување откупните цени.

Цената која ја нудат откупувачите годинава е иста како пред десет години, велат земјоделците, но репроматеријалите се неколкукратно поскапени.

Доцната сеидба на оризот, проблем на кој оризопроизводителите со години укажуваат сега неизвесна ја прави и жетвата.

Премиерот Заев во Кочани кажа дека оризопроизводителите ќе бидат помогнати со дополнителни три денари за откупен килограм арпа, но за земјоделците оваа сума не е прифатлива и ќе го блокираат патот Штип – Кочани до исполнување на нивните барања.

Славица Величковска