Путин нареди да и се врати на Украина сето оружје и воена опрема

28.03.2014 15:45

Рускиот претседател Путин нареди да и се врати на Украина сето оружје и воена опрема на кримските единици што не преминаа во руската војска. Според него, Крим бил сериозен тест за подготвеноста и воздржаноста на оружените сили на Русија.

Го почитуваме изборот на украинските војници што се враќаат во Украина. Со нивните семејства да се постапува крајно коректно, според воената чест. - Владимир Путин, претседател на Русија

Еден ден по резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации која го осуди припојувањето на Крим, и Кремљ ги оспори украинските претседателски избори во мај. Претседателот на САД Обама и порача на Москва да ја повлече војската од границата. Според него, Русија можеби само ја заплашува Украина, но можно е да има и други планови. Под притисок на радикалните демонстранти, Парламентот во Киев прифати да спроведе истрага за убиството на лидерот на Десен Сектор.