Царовска: 1.400 ученици запишани во дуалните стручни паралелки
Наш главен приоритет како Влада и како министерство е да го унапредиме, но и да ја зголемиме атрактивноста на средното стручно образование на што веќе засилено работиме. Токму во таа насока е и регионалниот проект „Училиштето се среќава со компаниите“ кој денеска успешно го завршуваме, рече Царовска.
Во учебната 2021/2022 година за 6% е зголемен бројот на ученици запишани во стручните технички училишта. Со запишани 1.400 ученици оваа учебна година отворени се 97 дуални паралелки, а минатата година имавме само 11, изјави денеска министерката за образование Мила Царовска.
Нагласи и дека МОН ги промени и политиките за стипендирање. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.
Наш главен приоритет како Влада и како министерство е да го унапредиме, но и да ја зголемиме атрактивноста на средното стручно образование на што веќе засилено работиме. Токму во таа насока е и регионалниот проект „Училиштето се среќава со компаниите“ кој денеска успешно го завршуваме, рече Царовска.
МОН продолжува со процесот на јакнење на средно стручно образование и следниот период за што е предвидено низ дијалог со реалниот сектор да се утврдуваат потребите струки.
