Шекеринска во посета на домашна компанија со искуство на НАТО пазарот

12.10.2021 15:09

Оваа домашна компанија покажува дека е возможно да се пробиете на НАТО пазарот дури и пред државата да стане членка на НАТО Алијансата. Сакам уште еднаш да ги повикам домашните компании да се пријават, да ги искористат предностите кои што им ги даваме, рече министерката за одбрана...

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска ја посети компанијата „Везе Шари“ каде на средба со нејзиниот сопственик, Арбен Абдурахмани разговараа за начините како државата да продолжи да им помага на производителите кои со членството во НАТО треба да бидат поамбициозни, да го зголемат производството, а со тоа да отворат и нови работни места.

„Оваа домашна компанија покажува дека е возможно да се пробиете на НАТО пазарот дури и пред државата да стане членка на НАТО Алијансата. Сакам уште еднаш да ги повикам домашните компании да се пријават, да ги искористат предностите кои што им ги даваме, а тоа е пред сè една брза и ефикасна процедура. Покажавме дека за само неколку дена можеме и официјално да им ги отвориме вратите на НАТО пазарот и со квалитетот на своите производи, со конкурентната цена да победуваат на овие тендери“, рече министерката.

Шекеринска порача дека Владата е целосно отворена кон агро-бизниснисот и дека ќе продолжи да помага на сите домашни производители да го рашират бизнисот и да отворат нови работни места.