Енергетика
Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава
12.10.2021 15:35
Цената на струјата стабилна до декември – тврдат од Владата и Регулаторна. Велат - рано е да се предвиди што потоа...

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, но рано е да се предвиди што потоа, велат премиерот Заев и првиот човек на регулаторна Бислимоски. Во време на растечки цени на берзите, надлежните уверуваат дека ќе се одржи стабилноста, меѓудругото и со набавка на јаглен од странство. Експертите очекуваат во моментот кога ќе се зголеми испораката на природен гас од Русија да се стабилизираат цените.
Свето Николовски
