Земјоделство

Агроеколошко зонирање за стручна проценка која култура е најдобра за одгледување

13.10.2021 09:49

Со агроеколошкото зонирање и информативниот систем, проекти на ФАО во нашава земја, земјоделците добиваат стручна проценка која култура е најдобра за одгледување на нивните ниви. Поради климатските промени фармерите не се доволно информирани и кои мерки треба да ги преземат за да ги зголемат приносите и да ги намалат штети во производството.

Според експертите допрва ќе доаѓаат уште понеповолни климатски состојби со оглед дека агроеколошките зони се поместуваат кон север.

Ќе мора да се зајакнат базите на податоци и да се ангажираат сите  капацитети за да се задржи и родот и квалитетот на нивите, сметаат експертите.

Најголеми загуби од климатските промени ќе има кај грозјето, пченицата, јаболката, пиперот и доматот, но и кај животните , особено кај  овците и говедата.

Производството на храна се намалува, сушата, градот и мразот предизвикуваат огромни штети, а земјоделците се уште не се доволно подготвени дека треба да се прилагодат на климатските промени.

За решавање на овие предизвици светската организација за храна, ФАО работи на  проценка на земјишните ресурси, теренски и климатски карактеристики, и треба да даде приказ на производствените и економските капацитети на десетина земјоделски култури во различни географски региони во земјава.

Од 2015 година досега, штетите од менувањето на климата и од временските непогоди нѐ чинеле повеќе од 100 милиони евра. 

Методија Трајков