БРЕГЗИТ

Фрост бара ревизија на трговскиот договор со ЕУ, Брисел со нови предлози

13.10.2021 09:58

Според сегашниот договор, Северна Ирска останува дел од европскиот единствен пазар за да ја избегне тврдата граница со Ирска, којашто е член на блокот. Со тоа, некои производи кои се извезуваат од останатиот дел од Обединетото Кралство во Северна Ирска мора да минат низ царински и гранични проверки иако се дел од истата земја.

Британскиот министер за Брегзит побара значителна промена на трговскиот договор со ЕУ по Брегзит. Дејвид Фрост инсистира дека единствениот начин да се подобрат односите по разделбата со Брисел е ревидирање на спогодбата.

Според сегашниот договор, Северна Ирска останува дел од европскиот единствен пазар за да ја избегне тврдата граница со Ирска, којашто е член на блокот. Со тоа, некои производи кои се извезуваат од останатиот дел од Обединетото Кралство во Северна Ирска мора да минат низ царински и гранични проверки иако се дел од истата земја.

Унијата се согласи да поработи на промени во протоколот, а предлозите ќе бидат претставени денеска.