Обединетото Кралство ја стави земјава на зелената листа држави на кои има се признаваат сертификатите за вакцинација
Граѓаните треба да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија и да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Фајзер/ Бионтек, Модерна, Јансен...

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, сооптуваат од МНР.
Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/ АстраЗенека, Фајзер/ Бионтек, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик.
Останува непроменето дека, државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.
