ММФ очекува цените на енергијата да паднат на почетокот од 2022-ра
13.10.2021 10:17
Главниот економист на Фондот, Гита Гопинат, изјави дека глобалната економија ќе биде во подобра позиција, откако ќе завршат зимските месеци, и очекува поевтинување до крајот на првиот квартал во 2022-ра година.

Меѓународниот монетарен фонд очекува цените на енергијата да паднат во почетокот на следната година.
Главниот економист на Фондот, Гита Гопинат, изјави дека глобалната економија ќе биде во подобра позиција, откако ќе завршат зимските месеци, и очекува поевтинување до крајот на првиот квартал во 2022-ра година.
Цените на енергијата, кои се зголемија во последните денови, најверојатно ќе останат високи во наредните месеци, но ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година, изјави Гопинат.
