Завод за ревизија: Учесниците на изборите да достават извештај за примени донации
Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до ДИК за донесување одлука за забрана на исплата на надоместок на трошоци за финансирање на изборната кампања за локланите избори.

Државниот завод за ревизија ги повика учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2021-ва, кои немаат доставено во Заводот извештај со обрасци за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на кампањата, да го направат тоа во најкус можен рок согласно со Изборниот законик.
Во спротивно, Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до ДИК за донесување одлука за забрана на исплата на надоместок на трошоци за финансирање на изборната кампања за локланите избори.
Исто така, согласно со одредбите од законот е пропишана и глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која што ќе им се изрече на политичка партија, коалиција или независен кандидат, ако не поднесе извештај во предвидениот законски рок.
