Дијаспора

Ден на македонската поезија во Стокхолм

13.10.2021 11:24

Поетското читање било посветено на сто годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, лингвист и кодификатор на македонскиот јазик, Блаже Конески.

Убавиот напишан збор на мајчин јазик се негува и меѓу нашите луѓе во странство. За тоа сведочат и манифестациите кои се организираат со оваа цел во дијаспората.

Годинашната културна манифестација, Ден на македонската поезија во Стокхолм, е под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска.

Настанот се одржал во просториите на Mакедонската амбасада во Стокхолм. Во програмата учествувале петнаесетина музичари и поети.

Поетското читање било посветено на сто годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, лингвист и кодификатор на македонскиот јазик, Блаже Конески.

И оваа манифестација е во правец на негување на македонските вредности во дијаспората.

 

Аида Николовска