Свет

САД ги отвораат границите со Мекиско и Канада за целосно вакцинираните патници

13.10.2021 11:47

Според сегашните правила, влезот во земјата им се забранува на странските државјани кои во последните 14 дена биле во Обединетото Кралство, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран, Бразил и многу европски земји.

САД ќе ги отворат границите со Мексико и Канада за целосно вакцинираните патници од ноември. Патувањето беше забрането од март лани поради пандемијата со Ковид-19.

Според сегашните правила, влезот во земјата им се забранува на странските државјани кои во последните 14 дена биле во Обединетото Кралство, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран, Бразил и многу европски земји.

Минатата недела, американскиот Центар за контрола на болести соопшти дека сите посетители мора да примат вакцина одоврена од СЗО и Агенцијата за храна и лекови.

Во САД се одоброени „Џонсон“ , „Фајзер“ и „Модерна“, а од СЗО се додадени и „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Синовак“.