Косово

Инциденти во Косовска Митровица, Белград бара итна реакција од НАТО и КФОР

13.10.2021 12:35

Во нередите бил ранет еден Србин, а неколку возила се запалени. Во Звечан полицијата употреби солзавец и шок-бомби.

Полициска акција во Косовска Митровица. Единиците на косовската полиција за економски криминал и царина затворија повеќе продавници во северниот дел. Граѓаните реагираа со блокада на одредени улици и крстоници.

Во нередите бил ранет еден Србин, а неколку возила се запалени. Во Звечан полицијата употреби солзавец и шок-бомби.

Немири имаше и на патот кон Зубин Поток. Состојбата останува тензична. Белград бара итна реакција од НАТО, КФОР и меѓународната заедница.