Здравство

Се проширува националната листа за трансплантација

13.10.2021 13:48

Националната листа за трансплантација се проширува и за трансплантација на срце и бубрези кај деца. Од Министерството за здравство велат, се прават напори да се овозможи и трансплантација на бели дробови и црн дроб. Се зголемува бројот на донори...

Планирани пет, направени седум трансплантации на органи од починат донор годинава. Од ресорното министерството велат дека и покрај пандемијата, здравствените работници одговориле на предизвикот и го отвориле патот и за трансплантација на бели дробови и црн дроб, како најсложени операции .

Според националниот координатор за трансплантации,  д-р Мојсова, комплетирана е националната документација за трансплантација од починат донор . Листата се проширува и за трансплантација на срце и бубрези кај деца.

Годинава Европскиот ден на органодарителството, е посветен на семејствата на донаторите.

 

Дијана Ценевска