Вакцинирани 75% од возрасните во ЕУ
По состанокот во Словенија, кој поради пандемијата беше одржан во хибриден формат, таа потврди дека досега во блокот се имунизирани 75% од возрасното население, но побара да се зголеми стапката за да се спасат од пандемијата на невакцинираните.

„Европската стратегија за набавка на вакцини и вакцинација обезбедија успех без преседан, при што клучни беа соработката и солидарноста“, изјави европската комесарка за здравство Стела Киријакидес.
По состанокот во Словенија, кој поради пандемијата беше одржан во хибриден формат, таа потврди дека досега во блокот се имунизирани 75% од возрасното население, но побара да се зголеми стапката за да се спасат од пандемијата на невакцинираните.
„Некои земји-членки се соочуваат со рекорен број заразени и огромен притисок врз болниците. Тоа ни е потсетник дека доколку не преземеме нешто, ни се заканува пандемија на невакцинираните“, рече Киријакидес.
Министрите се договорија до средината на 2022 година да донираат 500 милиони дози.
