САД

Истрага за случаи со „Хавански синдром“ во амбасадата во Богота

13.10.2021 14:33

Мистериозната болест предизвикува болка во ушите, вртоглавица и несвестица. Првиот случај беше пријавен во Куба во 2016 година.

Американските власти почнаа истрага за необјасниви здравствени проблеми кои се поврзуваат со таканаречениот „Хавански синдром“ во амбасадата на САД во Колумбија неколку денови пред посетата на државниот секретар.

Мистериозната болест предизвикува болка во ушите, вртоглавица и несвестица. Првиот случај беше пријавен во Куба во 2016 година. Потеклото е непознато, но дел од аналитичарите го сметаат за вид оружје.