Регион

Акцијата во Косово спроведена во рамки на борбата против криумчарењето

13.10.2021 14:46

Граѓаните одоворија со блокада на улиците откако беа затворени неколку продавници. Во нередите во Звечан, со огнено оружје, потешко е ранет Србин.

Инциденти на северот на Косово по полициска акција против економски криминал и царина. Граѓаните одоворија со блокада на улиците откако беа затворени неколку продавници. Во нередите во Звечан, со огнено оружје, потешко е ранет Србин. Белград бара итна реакција од НАТО и КФОР. Претседателот на Србија Александар Вучиќ на итен состанок во Рашка.

„Повод за оваа акција е наводно криумчарење на стока. Но, ако погледнете дека цела Косовска Митровица и Звечан се затрупани со рафали од РОСУ, јасно ви е дека станува збор за намера на псисхопатот Албин Курти да предизвика конфликт од пошироки размери“, изјави Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата во Косово и Метохија.

Од кабинетот на премиерот на Косово соопштија дека акцијата била спроведена во рамките на борбата против криумчарењето и повикаа на смирување.