Кривичниот суд ја потврди пресудата за убиството на Пино Секондо

13.10.2021 14:53

Апелацискиот суд во август ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела за убиството на Пино.Во пресудата беше наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство.

Кривичниот суд ја потврди пресудата - 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за помагање на убиството  на момчето Пино Секондо, откако Апелација со напатствија за нови докази го врати случајот на повторно судење. Одбраната најави жалба.

Апелацискиот суд во август ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела за убиството на Пино.Во пресудата беше наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.