МВР: Пресечен меѓународен канал на транспорт на дрога од Албанија кон Грција, лишени од слобода шест лица
Во полициска акција, вчера беа лишени од слобода шест лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра, соопшти МВР...

Во полициска акција, вчера беа лишени од слобода шест лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра, соопшти МВР.
Во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија.
Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од лобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево.
Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.
