Условни казни за насилните протести во Тетово

13.10.2021 16:26

Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години.

Петмината приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица, на 17-ти септември, добија условни казни и ќе бидат пуштени на слобода. Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години.

Ним им се судеше за „напад врз службено лице“, поради насилство врз полицајците на протестот на којшто се бараше одговорност за 14-те пациенти кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница во Тетово на 8-ми септември.