Конгсберг
Петмина убиени со лак и стрела во Норвешка
14.10.2021 09:27
Напаѓачот е уапсен. Станува збор за 37-годишен Данец кој живеел во градот. Се верува дека сам го извршил нападот, кој почнал во супермаркет.

Пет лица биле убиени, а две повредени во градот Конгсберг, во Норвешка, во напад со лак и стрела. Градот се наоѓа на 70 километри северозападно од Осло. Напаѓачот е уапсен. Станува збор за 37-годишен Данец кој живеел во градот. Се верува дека сам го извршил нападот, кој почнал во супермаркет.
Според локалната полиција напаѓачот успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен 34 минути по почетокот на нападот. Ова е најсмртоносниот напад во Норвешка од 2011 година, кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе.
