Анчелоти му одговори на Мурињо!
По двата пораза со коишто Реал Мадрид го загуби водечкото место во Примера, за очекување беше дека Карло Анчелоти ќе влезе во медиумска „војна“ со некоја заинтересирана страна. Во вакви ситуации најчесто прв на листата е Жозе Мурињо. Овој пат во својство на поранешен тренер на кралскиот клуб, португалскиот стратег, кој сега седи на клупата на Челзи, рече дека очекувал понапаѓачки фудбал од Реал.

Анчелоти не можеше да не одговори, иако неговата ситуација е деликатна по загубените натпревари од Барселона и од Севилја. „Тоа е негово мислење. Реал се уште се бори за титула, лани не можеше да се надева на неа во оваа фаза од сезоната“, одговори италијанскиот предводник на тимот од „Сантијаго Бернабе“.