Сточарство

Подготовки за извоз на свинско месо

14.10.2021 10:00

Свињарските фарми се повеќе се ангажираат за воведување на биосигурносни мерки на фармите. Добиточните болести веќе се искоренуваат, а со укинувањето на вакцинацијата за свинската чума, сточарите ќе можат да извезуваат месо и нивни преработки во земјите од Европската унија.

До Агенцијата за храна и ветеринарство неколку фарми поднеле барања за стекнување на статус слободни од болеста трихинелоза, што е резултат на континуирана работа во изминатиот период од страна на фармерите за унапредување на биосигурноста на одгледувалиштата и заштитата на животните од болести.

Стекнувањето на статусот слободни од болеста трихинелоза и категоризирање на фармата во објекти со низок ризик од опасност од заразни болести се еден од основите за намалување на производствените трошоци и зголемување на конкуретноста на домашното производство.

Сточарите веќе немаат обврска за задолжително лабораториско испитување на секое животно, туку само на 10 проценти од вкупниот број на товеници.

Укинување на вакцинацијата против болеста класична свинска чума, исто така значи уште едно директно намалување на призводствените трошоци.

Агенцијата за ветеринарство, по искоренувањето на болеста и престанокот со вакцинирањето, летово,од светската организација за здравствена заштита на животните и официјално доби статус на „Земја слободна од чумата кај малите преживари“.

 

Методија Трајков