Регион

САД повикаа на смиреност по вчерашните судири во Косово

14.10.2021 10:51

САД ќе продолжат да работат со партнерите од ЕУ и НАТО за да им помогнат на сите страни да одржат напредок во нормализирање на односите и намалување на тензиите.

Портпаролот на Стејт Департментот повика на смиреност по вчерашните судири на Косово. Истакна дека САД ќе продолжат да работат со партнерите од ЕУ и НАТО за да им помогнат на сите страни да одржат напредок во нормализирање на односите и намалување на тензиите.

Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел изјави дека дејствијата што ја загрозуваат безбедноста се неприфатливи.

Во насилствата беа повредени најмалку 20 лица, вклучително и полицајци, и се обнови стравот од пошироко насилство и тензии меѓу Приштина и Белград.