Ковид-19
„Јунајтед ерланс“ отпушти вработени кои не сакале да се вакцинираат
14.10.2021 11:22
„Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19. Тоа е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените.

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19. Тоа е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените.
„Делта ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ ерлајнс“ и „Саутвест ерлајнс“ преземаат различни мерки за мотивирање на вработените да се вакцинираат.
