Закани за Иран поради нуклеарното оружје

14.10.2021 11:41

Вашингтон смета дека дипломатското решение е најдобриот начин да се спречи Исламската република да стане нуклеарна сила, изјави американскиот државен секретар Блинкен.

САД се заканија дека ќе применат воена сила против Иран доколку дипломатијата не успее да го спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје.

Вашингтон смета дека дипломатското решение е најдобриот начин да се спречи Исламската република да стане нуклеарна сила, изјави американскиот државен секретар Блинкен.

Покажа нетрпение во момент кога преговорите за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година се во прекин од јуни, во очекување Техеран да се врати на преговарачка маса.