СЗО: Последна шанса за да ја дознаеме вистината за Ковид-19

14.10.2021 12:41

Првиот случај на Ковид-19 кај човечката популација беше регистриран во кинескиот град Вухан во 2019-та година...

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени. Проценува дека тоа е „последната шанса“ да се утврди потеклото на вирусот Ковид-19. Ја повика Кина да соработува со нив.

Првиот случај на Ковид-19 кај човечката популација беше регистриран во кинескиот град Вухан во 2019-та година, и Кина отсекогаш ги негираше обвинувањата дека вирусот потекнува од нејзините лаборатории и рече дека посетите на службениците на СЗО повеќе не се неопходни.