Османи: Враќање на довербата, па продолжување на процесот со Бугарија

14.10.2021 13:12

Османи појасни дека на последната средба во Скопје од бугарска страна биле доставени писмени предлози за содржината на патоказот за петте точки- крако име, говор на омраза, рехабилитација на жртвите на комунизмот, работата на историската комисија и малцинствата и внесување на бугарската заедница во Уставот.

Без враќање на довербата не може да продолжиме со процесот со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Според него, за сите прашања има решенија.

Османи појасни дека на последната средба во Скопје од бугарска страна биле доставени  писмени предлози за содржината на патоказот за петте точки- крако име, говор на омраза, рехабилитација на жртвите на комунизмот, работата на историската комисија и малцинствата и внесување на бугарската заедница во Уставот.

Сѐ уште се разгледувале во МНР и се подготвувало писмен одговор. Очекува среба со неговиот бугарски колега, но и четврта средба на комисиите во живо. Османи вели дека онлајн состаноците не вродиле со плод. Нагласи дека во наредниот период, заедно со бугарското МНР планира сериозно да се занимава со историската комисија.