Сите изборни комисии денеска ќе го добијат доверливиот гласачки материјал
Државната изборна комисија изутрината од Битола почна со преземање и дистрибуција на избирачкиот материјал за претстојните локални избори што ќе се одржат в недела. Материјалите денеска ќе бидат доставени до изборните комисии...

Од битолската печатница Киро Дандаро од изутрината до општинските изборни комисии започна диструбуцијата на најобемниот досега изборен материјал. За околу 20 денови испечатени се околу 4,5 милиони гласачки ливчиња и целокупниот друг пропратен недоверлив материјал.
Од ДИК велат дека поделени се во осум групи и под максимална превентива се товарат возилата на Македонски пошти, кои се придружувани со силно полициско обезбедување. Првиот човек на Државната изборна комисија, Даштевски, вели дека задоволен е од сработеното и текот на дистрибуцијата.
Од битолската печатница велат дека на гласачкото ливче има дваесетина заштини кодови и нема можност за никаква малверзација или злоупотреба. Сложен процес за кој севкупно се потрошени околу 60 тони хартија и беше потребно голема подготовка и селекција на самиот материјал.
За прв пат на овие избори ќе се користи и систем за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток на прст. Даштевски вели дека ќе бидат предадени во текот на утешниот ден, а финишира и третата тура на обука на лицата за работа со овие системи.
Стевче Митревски
