Варвициотис: Итно одржување меѓувладина седница за членство на Македонија и Албанија во ЕУ
ЕУ е нашиот дом, процесот на проширувањето не смее да запре, порака од алтернативниот грчки шеф на дипломатијата Варвициотис.

Итно одржување на меѓувладината конференција со Македонија и Албанија. ЕУ е нашиот дом, процесот на проширувањето не смее да запре, порака од алтернативниот грчки шеф на дипломатијата Варвициотис.
Сметаме дека чекорите за оваа насока од страна на Европа треба да бидат брзи и одлучни. Затоа ги поздравуваме и затоплувањата во однос на проширувањето објавени на Самитот во Брдо и за тоа се насочуваме. Сметаме дека треба веднаш да се свика меѓувладината седница за двете земји, Албанија и Северна Македонија, така што, да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите и со евентуалните забрзувања на проширувањето како за Србија, така и за Црна Гора, рече Варвициотис.
Вниманието во регионот, потенцира, не треба да се намали во никој случај, независно од прашањето за меѓувладината седница, кој веднаш и брзо треба да биде свикана.
Со неговиот домаќин, вицепремиерот за евроинтеграции Димитров согласни- добрососедските односи се потпираат на довербата и правилното спроведување на Договорот од Преспа.
Биле разгледани можностите како Грција ќе даде техничко знаење за процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.
