Се подготвува одговор на бугарските предлози
МНР работи на одговор на бугарските предлози. Решение за проблемот со соседот се бара во две траектории – португалскиот предлог и прашањата „пет плус еден“. Без враќање на довербата, не може да продолжиме со процесот со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија, Османи...

МНР во моментот работи на одговор на бугарските предлози доставени во земјава. Кратко име, говор на омраза, рехабилитација на жртвите на комунизмот, работата на историската комисија и малцинствата и внесување на бугарската заедница во Уставот, биле петте точки за кои ни пишала официјална Софија. Османи вели дека решение за проблемот со соседот се бара во две траектории – португалскиот предлог и прашањата пет плус еден.
Македонскиот шеф на дипломатијата вчера ги повикал сите членови на македонската комисија за историја и од нив побарал да ја сменат динамиката на надминување на недоразбирањата со бугарските колеги.
Засега нема намера да го менува составот на членовите на комисијата од домашна страна. Османи инсистира на физичка средба на заедничката комисија бидејќи, како што рече, онлајн состаноците не донеле напредок.
Османи очекува средба со неговиот бугарски колега, на која, како што рече, меѓу другото сака сериозно да се занимава со историската комисија.
Катерина Топалова
